Младите Јапонци биле премногу трезни, државата бара идеи како да го промени тоа

Младите Јапонци се премногу трезни, велат од локалната даночна управа, која со нов тендер сака да ја прошири консумацијата на алкохол кај таа популација, пренесува BBC.

Младите возрасни Јапонци пијат помалку од нивните родители, а тоа има последици за средствата собрани од алкохолни пијалаци како што е саке.

Затоа, Националната даночна администрација почна конкурс за идеи како да се смени овој тренд.

Целта на кампањата Sake Viva! е да го направи консумирањето алкохол попривлечно и со тоа да им помогне на производителите на пијалаци. Јапонците на возраст меѓу 20 и 39 години можат да ги регистрираат своите бизнис-идеи за да ја зголемат побарувачката меѓу своите врсници, било да е тоа за саке, виски, пиво или вино, јавува Би-би-си.

Јапонските медиуми јавуваат дека реакциите се различни. Критичарите се противат на промовирањето на една нездрава навика, но многумина веќе ги ставија своите идеи на интернет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.