Дачиќ: Курти самиот на себе и на Косово им даде голем автогол
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 27 Ноември 2022
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ рече дека претставниците на Приштина не се свесни за позицијата во која се наоѓаат и дека живеат во „свој свет, дека се уште се миленици на меѓународната заедница“, но дека ситуацијата се промени, како што рече, токму поради сопствениот гол.
„Она што беше предлогот што тој го одби во Брисел беше многу поповолен од она што го прифати неколку дена подоцна, под голем меѓународен притисок“, рече Дачиќ.
Дачиќ во гостувањето на телевизија „Прва“ оцени дека премиерот Албин Курти си дал себеси и на Косово голем автогол.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс