DigiGirlz програма за вклучување девојчиња во ИТ

DigiGirlz

Македонија се приклучува кон активностите од YouthSpark иницијативата на Мајкрософт и DigiGirlz програмата која се организира во цел свет за охрабрување на младите за технологијата и поттикнување девојчиња да се вклучат во ИТ. 


Како дел од планираните активности денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а утре на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработени од Мајкрософт ќе зборуваат со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите.


Воедно, тие ќе дознаат и за тоа како е да се работи во познати компании од Македонија и во Мајкрософт дополнително охрабрувајќи ги дека тие можат да бидат промената која треба да ја има во општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.