Нисан ќе осветлува еден град со користени батерии од електрични возила

Нисан

Јапонскиот производител на автомобили Nissan ќе ги користи батериите од старите електрични возила во комбинација со соларни панели, со цел да го напојува комплетното улично осветлување на градот Namie, кој се наоѓа северно од Токио во префектурата Фукушима.

 

Самиот дизајн на светилките е минималистички и модерен, а бидејќи работат вон мрежа, не се потребни никакви дополнителни кабли.  Независноста од мрежата овозможува обезбедено напојување дури и во случај на природни катастрофи кои би го исклучиле централното напојување. Основата на овој концепт е во искористување на батериите кои веќе го завршиле својот животен век во електричните автомобили, но може да добијат втор живот за оваа намена. Проектот е наречен  “Reborn Light” и целосно ќе се реализира до крајот на 2018 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.