Македонски телеком со повеќе корисници на ИПТВ, намален бројот на мобилните претплатници

Македонски телеком

Македонски телеком во првите три месеци од годинава ја зголеми нето добивката за 16 отсто, бројот на пристапи на широкопојасен интернет  е стабилен и изнесува 187,7 илјади, зголемен број на ИПТВ корисници за 7,5 проценти и намалување на бројот на претплатници во мобилната телефонија за 4,8 проценти.


Од компанијата информираат дека приходите од продажба во првите три месеци од 2018 година изнесуваат 2.503 милиони денари, што претставува зголемување за 2,1 отсто  во споредба со истиот период од претходната година.


Вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година изнесувал 187,7 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е 45,1 отсто, според интерна проценка.


Во однос на ТВ пазарот, компанијатала оствари зголемување на бројот на IPTV корисници чиј број изнесува 119,1 илјади корисници на крајот од првите три месеци од 2018 година. 


На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,6 отсто, според интерна проценка. Базата на претплатници на крајот од првите три месеци од 2018 година изнесува 1.174 илјади претплатници и е намалена за 4,8 отсто во однос на истиот период од претходната година.


Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите три месеци од 2018 година се зголемија за 1,9 отсто  во споредба со истиот период од претходната година. Зголемување, како што наведуваат во соопштението, главно произлегува од поголемите малопродажни приходи, придвижени од зголемениот сообраќај компензирано со намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.