НАСА ќе испрати хеликоптер на Марс

Хеликоптер на Марс

НАСА хеликоптер на Марс, во рамките на мисијата Марсовски ровер, чие лансирање се планира за 2020 година.


„Идејата за хеликоптер кој ќе лета на небото над другите планети е возбудлива“, соопштија од НАСА.


Во прилогот кој го објави „BBC“ на својот сајт, пишува дека станува збор за мал хеликоптер, тежок само 1,8 килограми, но дека неговите ротори се движат 10 пати побрзо од роторите на стандардните хеликоптери на Земјата.


На научниците им беа потребни четири години за да направат хеликоптер, кој ќе може да тргне кон Црвената планета.


Пред една недела, НАСА ја лансираше ракетата InSight - Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport на Марс, во која се наоѓа чип со 2.429.807 имиња на луѓе од Земјата.


„InSight“ е дел од програмата на НАСА чија мисија е слетување на робот произведен за движење на површината на Месечината или Марс.


На сајтот на американската агенција за истражување објавено е дека слетувањето на робот на површината на Црвената планета не очекува во октомври.


Целта на оваа мисија е истражување и откривања на процесот преку кој се создадени планетите во Сончевиот систем пред повеќе од 4,5 милијарди години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.