ASAP најдобро иновативно решение на „Betapitch" натпреварот во Скопје

Решение за компании кои имаат потреба од носење критични одлуки за многу кратко време насловено како ASAP победи на првиот „Betapitch“ настан во Македонија што вчеравечер се одржа во Центарот за трансфер на технологии и иновации–ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

 

Покрај првонаградената, уште две други стартап компании  - Vapoar Apps и Intelory се наградени со менторство коешто ќе продолжи во Германија. 

 

Победникот ќе учествува на „Betapitch Global & Investors Day“ што ќе се одржи на 15 ноември во Берлин. 

 

- На настанот во Берлин очекуваме успешна презентација и почеток на преговори со компании кои работат на пазарите во Западна Европа. За нас, од исклучителна важност е да поставиме стратешко партнерство со овие компании и заедно да им помогнеме на нашите клиенти да ги носат вистинските одлуки брзо, со помош на ASAP, изјави Горан Стојановски од компанијата „Елевејт-Глобал“.

 

На натпреварот во Скопје, своите иновативни решенија ги претставија 13 македонски стартап компании пред стручно жири во кое член беше и главниот оперативен директор на берлинската стартап сцена „Бетахаус“.

 

„Betapitch“ се одржува во 15 различни градови низ светот, вклучувајќи го и Скопје. Локални партнери за Македонија се Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.