НАЈГОЛЕМ ХАКЕРСКИ НАПАД НА ФЕЈСБУК! Украдени податоци на 29 милиони корисници

Податоците од 29 милиони кориснички сметки се украдени во најголемиот хакерски напад на Фејсбук во историјата на оваа социјална мрежа, потврди компанијата денеска.

 

Компанијата ne го именуваше сторителот, но рече дека ФБИ активно истражува кој го извршил нападот, објави АП.

 

Компанијата претходно објави дека податоците од околу 50 милиони корисници се изложени поради безбедносна дупка од која  хакерите украле лозинки за пристап со кои можат да пристапат до нивните профили.

 

Хакери дојдоа до имиња, e-mail адреси, телефонски броеви, места за најавување...

 

Засега не е јасно колкав број податоци се искористени, а тие објавија на официјалениот блог дека хакерите имале пристап до телефонски броеви и електронски пораки на повеќе од 29 милиони корисници, а светските медиуми го нарекоа најголемиот хакерски напад на Фејсбук некогаш.

 

Од овие 29 милиони корисници, хакерите добија дополнителни информации: пол, градот во кој живеат, родендени, податоци за уредот од кој пристапуваат до Фејсбук, последните 10 локации каде што се "најавени" на социјалната мрежа и последните 15 пребарувања.

 

За уште еден милион корисници, хакерите се обиделе, но тие не биле во можност да дојдат до какви било податоци.

 

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг рече дека напаѓачите имаа можност да ги видите личните пораки или постовите, но дека нема информации дека тие го направиле тоа.

 

Компанијата соопшти дека ќе ги извести сите хакирани корисници во следните неколку дена.

 

Фејсбук тврди дека нападот не влијаел на други социјални мрежи во сопственост на компанијата Messenger, WhatsApp и Instagram.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.