Еве што открива Фејсбук за вас

Според ново истражување на Универзитетот Кембриџ, социјалните мрежи откриваат многу повеќе отколку што посакуваме, како на пример, нашата интелигенција, емоционалност и моментната емотивна состојба.

 

Што е тоа што нѐ издава и може ли да се прикриеме?

 

– Интернет профилите и трагите се најточен одраз на нашето интернет поведение, смета Веселин Попов, вработен во Психометричкиот центар при Кембриџ и еден од одговорните за испитувањето.  Истражувањето опфатило над осум милиони лица, при што сите пополниле по еден психометрички тест.

 

Врз основа на одговорите и преку компјутерски алгоритми, научниците дошле до заклучок дека од профилот на еден човек на интернет може да се дознае каков е тој и во вистинскиот живот. Во објавите на поемоционалните луѓе, често се среќаваат зборови како „веќе”, „болен” и „мразам”. Во оние пак, на помалку емотивните луѓе, најчесто читаме: „игра”, „успех”, „недела” и „слава”. Пораките говорат и за тоа дали сме интровертни или екстровертни. Поотворените често користат зборови како „забава”, „љубов”, „ноќ” и „викенд”.

 

Позатворените луѓе пак, ги употребуваат зборовите „компјутер”, „не”, „не сакам” и „интернет”. Дали еден човек е депресивен, исто може да се прочита од објавите. Обично, луѓето кои се во депресија објавуваат црно-бели фотографии. Профилната слика пак, многу често не го одразува вистинското моментно расположение, како ниту фактичката состојба





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.