Пристигна првата фотографија од астероидот Бењу

Нашиот прв поглед од блиску на астероидот Бењу е збунувачки. Сондата на НАСА Озирис помина многу месеци летање низ вселената за да стигне до својата цел - големата карпа наречена Бењу.

 

Мисијата на ова летало ќе се извршува во текот на следните неколку години, но пристигнувањето до Бењу значи дека конечно ќе добиеме многу јасна и блиска фотографија од саката карпа. И за изненадување навистина е валкана.

 

Една од интересните работи за астероидите е дека имаат тенденција да не изгледаат онака како што си ги замислувате. Учени сме од научната фикција да мислиме дека астероидите се една голема маса од карпест материјал, но реалноста е сосем различна. Како што можете јасно да видите од сликите, Бењу е една голема прашинеста топка прекриена со вселенски остатоци. 

 

Да се дознае каква е површината на астероидот е една од најважните цели на целата ОЗИРИС-РЕКС мисија, поради тоа што леталото треба да одбере место каде би слетало. После од прилика година дена набљудување на астероидот леталото ќе слета на него и ќе земе примерок од неговата површина, а потоа ќе се врати назад на Земјата за научниците детално да го простудираат материјалот.

 

Сликите од површината на Бењу се споредуваат до оние пратени од јапонската сонда Хајабуса-2 која патуваше до друг астероид наречен Рујугу и слета на неговата површина. Тимот кој ја управуваше сондата веднаш забележа колку неверојатно нерамна и тумбеста е површината на астероидот, а по се изгледа дека и Бењу е исто таков.

 

Астероидите како овој имаат потенцијал да ни разоткријат многу за историјата на нашиот Соларен систем, како и за материјалот од кој планетите како Земјата започнале да се формираат. Научниците секогаш се желни да проучуваат нови планети и далечни светови, но може да излезе дека многу помали објекти како Бењу ќе ни кажат многу повеќе за тоа каде и како се започнало.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.