ЗА ДОЛГИТЕ ЛЕТОВИ: Космонаутите ќе пијат вода со нови својства

Водата за пиење со нови функционални својства ќе ги брани космонаутите од радијацијата при долгите вселенски летови, вклучувајќи и до Марс. Ова беше објавено на 17-тата конференција за вселенска биологија во Москва, брифираат од конференцијата.


"Особено место во системот за зголемување на отпорноста на космонаутите кон радијација има водата за пиење со нови функционални својства. Огромен интерес има за водата која е составена од лесни изотопи и водата со прилагодлив и оптимизиран минерален состав", се вели во извештајот претставен на конференцијата.

Покрај тоа, треба да се исклучи можноста да има конзерванси во водата за пиење, дури и сребрени јони. Среброто припаѓа на тешките метали, кои се познати за подобрување на патогените ефекти од јонизирачкото зрачење.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.