Кина ја блокира продажбата и увозот на повеќето модели на iPhone

Кина ја блокираше продажбата и увозот на повеќето модели на iPhone.

 

Судот пресуди на барање на производителот на чипови кој се жалел на прекршување на патентот. Судиите пресудиле дека четирите кинески подружници на "Apple" мора веднаш да престанат со кршење на двата патента од Qualcomm Inc. Значи, гигантот нема да може да увезува и продава модели на iPhone од 6 до 10 во Кина.

Веста доведе до пад на акциите на Apple за два проценти. 

Ова се случува само неколку дена откако главната финансиска директорка на Huawei, беше уапсена во Канада по барање на Вашингтон. Таа беше обвинета од страна на САД за кршење на санкциите против Иран.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.