2018 година била втората најтопла година во Арктикот од 1900 година

2018 година била втора најтопла година, забележана во Арктикот откако се водат мерења од 1900 година, покажа извештајот на американска владина организација, пренесоа агенциите.

 

Националната агенција за океански и атмосферски истражувања на САД забележува дека само 2016 година била потопла од 2018 година.

Забележано е и намалување за педесет проценти на популацијата на северните елени во овој регион во изминатите две децении.

Во исто време е забележано движење на црвени алги кон Арктикот предизвикано од климатското затоплување.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.