Гел во спреј може да го запре ширењето на канцерот после операција

Главен третман за многу типови на канцер е оперативниот зафат, но фрустрирачки, со ова не секогаш пациентот се ослободува од болеста. Откако туморот бил отстранет, може да се врати и канцерот да се рашири на други делови од телото. Сега, научниците пронајдоа начин потенцијално да го запрат ширењето со помош на едноставен гел во спреј.

Објавувајќи ги нивните резултати во научниот журнал Природна нанотехнологија (Nature Nanotechnology), тим од УКЛА (UCLA) тестираа гел на глувци кај кои по оперативен пат беа отстранети напреднати меланомни тумори. Открија дека гелот го редуција повторното растење на почетниот тумор, кое нешто помага во превенирањето од повторно појавување на канцерот на некое друго место од телото.

 

Значи како сето тоа функционира?

 

Намесно активно да се напаѓаат канцерогените глетки, гелот всушност функционира преку засилување на имуниот систем на пациентот. Канцер клетките испуштаат одреден протеин наречен ЦД47, кој во основа му кажува на телото да не го напаѓа туморот. Новиот спреј-гел содржи антитела кои го блокираат овој протеин, дозволувајќи му на телесниот имунитет да ги идентификува и да ги убива канцерогените глетки.

 

Антителата се ставени врз ситни наночестици направени од калциум карботан. Калциум карбонатот е главна состојка на лушпите од јајца и бидејќи се благо кисели според ПХ вредноста, се раствораат врз хируршките рани на ткивата. Како што се разложуваат постепено ги испуштаат антителата врз раната. Исто така ја засилуваат и активноста на типот имуни клетки наречени макрофаги кои детектираат и уништуваат несакани клетки низ телото со тоа што ги јадат.

 

 

Истражувачите исто така откриле дека нивниот гел може да активира и друга важна имуна клетка нарелена Т-клетка, зголмувајќи ја телесната реакција кон канцерот уште повеќе. Според водечкиот автор на студијата Кјан Чен овој метод овозможува „нова борбена линија против заостанатите канцерогени клетки.“ Сепак, важно е да се нагласи дека до сега новиот спреј е тестиран само на глувци, не на луѓе. Уште повеќе истражувања се потребни пред да би можел клинички да се тестира на човечки пациенти за да се види дали навистина функционира. Но, и досега резултатите се многу ветувачки, со преживување на половина од тестираните глувци барем 60 дена без никакво реобновување на канцерот.

 

„Овој распрскувачки гел дава ветувања против една од најголемите препреки во лекувањето на канцерот“, изјави Жен Гу, водачот на истражувачкиот тим. „Една од главните карактеристики на канцерот е тоа што тој се шири. Всушност околу 90 проценти од луѓето со канцерогени тумори умираат поради тоа што туморот се обновил или метастазирал. Да се развие нешто што би помогнало во намалување на таквиот ризик и истовремено да има ниска токсичност за организмот е од огромно значење“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.