Фејсбук откри проблем што може да влијае на милиони корисници

Американската компанија Facebook соопшти дека открила проблем кој може да засегне околу 6,8 милиони луѓе кои користеле податоци за влез во социјалната мрежа, пренесоа агенциите.

 

Компанијата изјави дека го решила проблемот, но тој може да засегне околу 1.500 корисници. Апликации на трети страни може да добиле пристап во текот на 12 дена од 13 до 25 септември до поширок сет на слики од вообичаено дозволените.

Ова е најновиот од серијата проблеми со приватноста на личните податоци кој технолошкиот гигант ги откри оваа година, вклучувајќи го скандалот со "Кембриџ Аналитика" во април, како и бројката на речиси 30 милиони сметки чии лични податоци беа нарушени во октомври.
По новите откритија цената на акциите на Facebook утрово падна за 1,3%.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.