Кинеска сонда слета на темната страна на Месечината

Кинеската сонда „Чанг Е-4“слета на темната страна на Месечината, објавија кинеските медиуми.

 

Сондата, на која се наоѓаат возила за истражување, лендер и ровер слетаа на однапред одредена локација на 177,6 степени источна географска должина и 45,5 степени јужна географска ширина на далечната страна на Месечината во 10 часот и 26 минути по пекиншко време, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.

 

Со помош на комуникацискиот сателит „Чуелијао“, сондата испрати прва фотографија од далечната страна на Месечината, што е ново поглавие во истражувањето на природниот сателит на Земјата.

 

Сондата „Чанг Е-4“ беше лансирана на 8 декември минатата година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.