УДАР ЗА APPLE: Вредноста на компанијата падна за 55 милијарди долари само за неколку часа

Тежок удар за технолошкиот гигант "Епл". Акциите на компанијата паднаа за повеќе од 7% за неколку часа, а нејзината вкупна вредност падна за 55 милијарди долари.

 

Причина за ова се помалите очекувања од износот на приходите што ги најави компанијата.

Во клучниот квартел за бизнисот со смартфони, таблети и компјутери, што ги вклучи Црниот петок и божиќните празници, Apple информира за приходи од 84 милијарди, наспроти очекувањата.

Шефот на компанијата рече дека забавувањето на кинеската економија е причина за падот. Како резултат на тоа, кинезите купувале помалку од производите на компанијата, а тоа е нивниот трет по големина пазар, по САД и Европа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.