Најголемиот пронајдок на сите времиња: НАСА се подготвува да објави нешто неверојатно! (видео)

Хакерската група Анонимуси објави дека НАСА се подготвува да го објави постоењето на интелигентниот вонземски живот.

 

"НАСА вели дека доаѓаат вонземјаните!", стои на сајтот на оваа администрација. Нивните докази се врз основа на серијата неодамнешните откритија на НАСА, како и изјавите на еден од гласноговорниците на Агенцијата во април за време на конгресните сослушувања "Напредок во потрага по живот."

 

Професорот Томас Зурбукен од НАСА вели дека развојот како на неодамнешното откритие на водород на сателитот на Сатурн,  Енцелад, како и новите пројадоци на телескопот "Хабл" со месечина Европа на Јупитер, тоа се ветувачки знаци дека сме поблиску од било кога да се докаже постоењето на вонземски живот.

 

 

- "Кога ќе се земат предвид сите активности и задачи кои се насочени за доказ за постоење на вонземски живот, ние сме на работ на една од најголемите откритија во историјата", рече Зурбукен во текот на сослушувањето на Комитетот за наука, вселена и технологија на американскиот Конгрес.

 

Во видеото, во кое се најавува пронајдокот на НАСА, анонимуси цитираат неколку коментари кои ги изнеле астронаутите и истражувачите на вселената, што укажува на тоа дека "нешто дефинитивно се случува таму горе."

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.