Троши 1 литар вода на 500 километри, овој бразилец направи мотор кој не користи бензин! (видео)

Имено, моторниот акумулатор користи водород од молекулата на водата и со тоа генерира електрична енергија, со помош на која се движи ова чудо.

 

Рикардо Азеведо, од Сао Паоло, Бразил, создаде чудесен мотор кој може да помине и до 500 километри со 1 литар вода.

 

Тој покажа во видеото како функционира, и пред да ја истури водата во резервоарот, испи неколку голтки за да докаже дека во балончето навистина има вода.

 

Исто така покажа како се движи моторот. На овој начин, сакал да го промовира својот пронајдок како еколошка машина.

 

- "Предноста на овој пронајдок што користи водород од молекулата на водата е во тоа што издувните гасови се водена пареа. Тоа е различно од бензинот кој дава јаглен-моноксид ", рече тој.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.