Робот прегрнува и го подига расположението на осамени луѓе

Плетен, малечок робот кој ги гушнува и им го крева расположението на осамените луѓе е презентиран на изложбата за потрошувачка електроника во Лас Вегас, објави "Дејли мејл".

 

Роботот Loveot (комбинација на зборовите љубов и робот) е направен од јапонската компанија "ГрувЕкс". Тој е дизајниран да ги следи неговите сопственици, да ги препознае и да ги збунува. Неговата цел е "да ги направи среќни", пренесоа медиумите.

Роботот е висок само 40 сантиметри. Има опашка, тркалезни очи со 16 графички слоја, кои му овозможуваат да трепка и да ги ротира, гледајќи реално во просторијата. Материјалот со кој е покриен дава чувство на топлина и сигурност, и на тој начин прави да го сакате. Многу сензори му се инсталирани, а има и камера на главата која може да препознае до 1000 лица. Тој не може да зборува, туку комуницира со звуци, не ги разбира командите.

"Постојано моли за внимание и се попречува на патот на луѓето, со кои живее, но дојдат ли непознати, бега од нив.  Се движи на тркала, и кога ќе му се посака прегратка, тој само го следи човекот".

Цената на робот е 3.100 долари. Во моментов се продава само во Јапонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.