Кинеската компанија Убтек се пофали со два хуманоидни роботи

Не е чудно ако не сте чуле за Убтек (Ubtech), тоа е прилично нова кинеска компанија која се занимава со производство на хуманоидни роботи. Оваа недела тие објавија мала армија на роботи а во центарот на нивната презентација беа подобрените хуманоидни роботи Вокер (Walker) и Крузер (Cruzr).

 

Двоногиот Вокер е скоро метар и половина висок и околу 77 килограми тежок. Новите редизајнирани раце на роботот му даваат можност да фаќа и манипулира со објекти, додека самобалансирачкото торзо прави глатки двоножни движења. Роботот е способен за интеракција со средината на повеќе начини, вклучително преку глас, допир и вид. Од Убтек велат дека Вокер ќе биде пуштен во продажба „во многу блиска иднина.“

 

Вокер можете да го погледнете на следниот линк:

 

 

Од друга страна пак Круз е дизајниран да се движи со помош на тркала и е наменет за давање на услуга на клиенти во вид на информирање, насочување, спроведување до определена дестинација, асистенција, видео и аудио поврзување и сл. Овој тип на робот веќе се користи на голем број локации а сега со подобрениот процесор ќе биде пуштен во продажба и во Северна Америка.

 

 

Погледнете го и Крузер на следниот линк:

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.