All for Joomla All for Webmasters

Астрономи аматери пронајдоа нова планета која алгоритмите на НАСА ја испуштиле

Иако вселенскиот телескоп на НАСА Кеплер веќе не функционира, се уште се прават откритија врз основа на податоците кои тој ги остави. Помогнати преку јавно финансирање од астономи волонтери, аматерски тим дојде до откритие на нова планета двојно поголема од Земјата.

Планетата наречена K2-288Bb може да биде карпеста или гасовита, слична на Нептун. 

 

Планетата К2-288б е оддалечена 226 светлосни години, во соѕвездието Бик (Taurus) и дел од ѕвезден систем кој содржи две ѕвезди раздалечени 5,1 милијарда милји една од друга. Едната од ѕвездите е голема колку половина Сонце и другата една третина од Сонцето. Тимот кој ја откри новата планета пресмета дека таа ја орбитира помалата ѕвезда на секои 3.1 дена, а според нив теоретски е возможно таа да содржи биосфера со иста продуктивност како таа на Земјата.

 

Планетата била откриена најмногу поради тоа што астрономите аматери ги проучувале податоците за закривувањето на светлината од Кеплер со сопсвените очи, а не преку софтвер. Тие успеале да забележат планета која што софтверот на НАСА ја испуштил. Адина Феинстејн, водечкиот автор на студијата, вели „беа потребни љубопитните очи на научник аматер за да се направи ова екстремно вредно откритие и да ни биде посочено нам.“

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.