Канадска компанија развива технологија за чистење на CO2 од воздухот

Од Канадската компанија Карбон Инжинеринг изјавија во средата дека добиле инвестиција од Оксидентал Петролеум Корп. и дополнителна помош во капитал за развој од Шеврон Корп. за нивната технологија која го апсорбира јаглеродниот диоксид дирекно од воздухот. 

Оформена во 2009, Карбон Инжинеринг разви технологија која го прибира јаглеродниот диоксид (CO2) дирекно од атмосферата и го конвертира во јаглеродно гориво за транспорт и за употреба во екстракцијата на нафта. 

 

Компанијата собира СО2 од атмосферата уште од 2015 на плантажа во Британска Колумбија и го претвара во гориво од 2017-та.

Од Карбон Инжинеринг очекуваат да ја достигнат финансиската цел од 60 милиони долари до крајот на првото четиримесечје од годината, а со тоа да ја забрзаат комерцијализацијата на технологијата.

„Овие нови инвестиции ќе овозможат да се забрза лансирањето на нашите технологии за собирање на СО2 од воздухот“, изјави Стив Олдхам, извршен шеф на Карбон Инжинеринг. „Со зголемен светски фокус кон потребата за агресивна редукција на емисиите на јаглероден диоксид, нашите технологии можат да одиграат клучна улога, а лидерите во енергетските индустрии како Оксидентал и Шеврон силно ќе ја забрзаат комерцијализацијата на овие технологии“ -додаде тој.

 

Екстракцијата на огромни количества на јаглероден диоксид од атмосферата би можала да помогне во лимитирање на глобалното затоплување, кое пак е причина за зголемените топлотни бранови, огромни пожари, поплави и покачување на нивото на морската вода. Цената на ваквите технологии е многу висока, но и со нив ќе бидат потребни и огромен број на дрва и растенија воопшто кои да дадат придонес во чистењето на СО2 емисиите создавани од човечката цивилизација.

 

Текстот е преземен од репотерката Нина Честни.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.