Астрономите идентификуваа тропска бура на сателитот на Сатурн, Титан

Научниците од Универзитетот во Ајдахо откриле дека врнежите на сатурновиот сателит потсетуваат многу на оние кои обично се забележани на Земјата, објави веб-страницата на Space, а е цитирана од агенциите.

 

Нивните заклучоци се базираат на слики испратени од вселенското летало Касини, една година пред да влезе во атмосферата на Сатурн во 2017 година.

Формирањето и движењето на дожот во таа атмосфера, потсетува на атмосферските феномени на Земјата. Научниците веруваат дека врз основа на добиените податоци може да се создаде "среден" модел за формирањето на климата на секоја планета во сончевиот систем и дека ова би можело да биде корисно во идната колонизација на небесните тела слични на Земјата.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.