Се создава нова магнетна бура на Сонцето

 

Третата магнетна бура на Сонцето оваа година се случи минатата ноќ, а периодичноста може да предвиди дека феноменот ќе се повтори на 20 февруари.

 

 

Прогнозата ја прават експерти од астрономската лабораторија на физичкиот институт П. Н. Лебедев. Вчерашната магнетна бура беше слаба,  потврдуваат тие.

Претходните две бури беа на 5 и 25 јануари. Интервалот помеѓу 5 јануари и 1 февруари одговара на периодот на ротација на сонцето околу неговата оска - 27 дена.

Научниците од истата лабораторија направија прогнози за соларните бури во март. Првата ќе биде помеѓу 28 февруари и 1 март, а следната меѓу 19 и 20 март оваа година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.