(ВИДЕО) Роботи ќе прават роботи во фабрика во Кина

Во Шангај се планира изградба на фабрика во која роботи ќе прават роботи. Оваа фабрика чија вредност се проценува на 150 милиони долари планира да ја изгради швајцарско-шведската компанија „АББ груп“.

 

Планираат погонот да го отворат во 2020 година и од него да ја создадат најмодерната фабрика за роботи и софтвер на светот, во која роботите ќе прават роботи. Во овој случај луѓето ќе ја надгледуваат работата на целиот роботски погон, а во производствениот процес ќе им помогнат познатиот робот на „АББ“, „ЈуМи“ и автомобил на автопилот, кој ќе служи за достава на потребните суровини.

 

Инаку, одделот на „АББ“ за роботика се занимава со производство на роботи за други фабрики, а нивните производи најчесто се користат во производство на автомобили, составување електронска опрема и во прехранбената индустрија. Со изградбата на новата фабрика во Шангај, вложувањата на оваа швајцарско-шведска компанија во Кина ќе достигнат речиси 2,4 милијарди долари.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.