Вселенскиот брод "Инсајт" стави штит на сеизмометарот на Марс

Вселенскиот брод "Инсајт", кој го позиционираше својот сеизмометар на Марс од декември минатата година, успеа да го прилагоди за да добие инструкции и стави штит врз него, објави НАСА.

 


Каблираниот штит ќе го заштити сеизмометарот од ветровите и флуктуациите на температурата. Експертите ќе бидат посигурни во однос на точноста на сеизмичките сигнали.

"Инсајт" има задача да снима вибрации од шокови и метеорски шокови на Црвената планета. Податоците ќе се користат за проучување на карпестите слоеви внатре во планетата, од јадрото до кората.

Сеизмометарот на "Инсајт" е произведен во Франција, а неговите високофреквентни сензори се британски.
Откако сеизмометарот веќе е калибриран и заштитен, специјалисти од НАСА ќе почнат со инсталирање на топлинската сонда. Таа има инструмент со кој ќе навлезе 5 метри длабоко во површината на Марс. Ова ќе ја мери внатрешната температура на планетата. Досега мерењата во вселената се направени на максимум 2,5 метри, но на месечината од мисијата Аполо, објави НАСА.

Информациите од топлинската сонда ќе им даде информација на експертите за активноста на планетата.
Вселенското летало "Инсајт" слета на Марс на 26 ноември минатата година во екваторската рамнина Елизиум, на околу 600 километри од локацијата на "Кориосити". Првичниот рок на мисијата е една Марс година, која е еднаква на две Земни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.