Астрономите откриле астероид со најбрза орбита

Американски астрономи открија астероид кој го обиколува Сонцето само за 165 земни деноноќија, соопшти Фокс њуз. Ова е најкратката астероидна година позната во науката, пренесоа медиумите.

 

Космичкото тело AQ3 од 2019 година има дијаметар од околу 1,6 км. Неговата орбита е елиптична. Астероидот се приближува кон сонцето повеќе од Меркур и се оддалечува од него веднаш зад Венера. Орбитата на астероидот е навалена, надвор од патот на Земјата и другите големи планети.

 

Специјалистите од Калифорнискиот институт за технологија претпоставуваат дека 2019 AQ3 припаѓа на групата астероиди чија орбита е целосно од внатрешната страна на орбитата на Земјата.

Астероидот е откриен од опсерваторијата "Паломар" во Јужна Калифорнија на 4 јануари, а потоа неколку екипи го набљудувале со различни телескопи на 6 и 7 јануари.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.