Познати личности загубија милиони следбеници на Инстаграм

Американската социјална мрежа Instagram откри чудна неправилност од која многу познати личности преку ноќ изгубиле милиони свои следбеници, објавија агенциите. Во моментов се работи на елиминирање на штетата.

 

Сметките на реалната ѕвезда Ким Кардашијан и нејзината сестра Кајли Џенер, како и на пејачките Кети Пери и Ариана Гранде се скратени за милиони следбеници. Настрадала и сметката на канадскиот пејач Џастин Бибер.

 

Вчера Инстаграм изјави дека истражува и знае што ја предизвикало загубата на милиони следбеници кај најпопуларните сметки.

 

Аријана Гранде се пожали дека во понеделникот вечерта загубила околу три милиони нејзини следбеници. Кај Џастин Бибер и Ким Кардашијан мрежата се намалила за 1,9 и 1,7 милиони. Следбениците на Селена Гомез и Кајли Џенер се намалија за два милиона.

 

Популарните Џејмс Чарлс и Зак Клејтон исто така рекоа дека изгубиле многу фанови.


Се претпоставува дека намалувањето се случило како резултат на расчистување на страницата од паразитски сметки. Социјалните платформи редовно ги чистат своите податоци.

 

Кога летото 2018 година Твитер ги расчисти акумулираните паразитски страници, многу ѕвезди и влијателни индивидуи, исто така, изгубија милиони следбеници.

 

Не е јасно колку корисници се засегнати од проблемот. Досега, само некои сметки се обновени.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.