Две астронаутки ќе излезат во отворената вселена на 29 март

Тим од две американски астронаутки ќе излезат во отворената вселена на 29 март, јавија светските агенции.

 

Тоа се Кристина Кох од НАСА, која е дел од руско-американскиот екипаж, и Ен Маклеин, која во моментот се наоѓа во Меѓународната вселенска станица.


Кох ќе полета со меѓународниот екипаж на бродот "Сојуз МС-12". Лансирањето е планирано за 14 март од космодромот во Бајконур.

 

Во согласност со програмата на летот рускиот космонаут Алексеј Овчинин, американскиот астронаут Ник Хејг и Кристина Кох ќе поминат 204 деноноќија во орбитата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.