All for Joomla All for Webmasters

Колапсот на Фејсбук е најголем во историјата на социјалната мрежа

Фејсбук го доживеа најголемиот пад во својата историја. 14 часа, корисниците на социјална мрежа имаа проблеми. Не беа достапни ниту услугите за пораки Messenger и Whatsapp, како и сајтот за споделување фотографии Instagram.

 

Се појавија гласини дека станува збор за голем сајбер упад со испраќање голема количина податоци до серверите на компанијата. Падот се случува во време  кога во САД започна истрага за споделување на лични податоци на корисниците со трети земји.

Недостатокот на Фејсбук ги принуди корисниците да се свртат кон Твитер. А некои установи користеа прилика да се рекламираат со зборовите "Facebook затвори, но ние работиме деноноќно".






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.