DigiGirlz - инспирација, едукација и поддршка на секое девојче кое сонува да биде дел од IT светот и СТЕМ професиите

Со цел да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ професија, како дел од YouthSpark иницијативата на Мајкрософт низ целиот свет се организира DigiGirlz програмата, а во Македонија зеде посебен замав кога минатата година во Скопје и Тетово стотици млади девојчиња ја имаа можноста да се запознаат со начините како да ги остварат своите соништа.

 

Целта на DigiGirlz програмата е да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи затоа што нивното учество во овие полиња за работа е помало отколку што треба.

 

Оваа година караванот кој ќе им помогне на младите да се инспирираат започна во Скопје во просториите на ФИНКИ, а Елисавета Нојковска, регионален маркетинг менаџер во Мајкрософт за модерното работно место за 24 држави вели дека е време е да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ професија.

 

Деканот на ФИНКИ д-р Иван Чорбев рече дека голем е процентот на женски кои се запишуваат на овој факултет, додека пак на магистерските студии женските се во поголем број. Тој исто така рече дека дека не треба да има предрасуди дека инженерството е машка професија, затоа што во денешно време многу раководни функции ги водат жени.

 

DigiGirlz им овозможи на девојчињата да се запознаат со технологијата и бизнисот давајќи им совети за тоа како нивните желби и кариера можат да бидат изворот на нивната среќа.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.