„Мајкрософт" и Бе-Ем-Ве најавија платформа за поврзување на автомобилските фабрики

„Мајкрософт" и Бе-Ем-Ве најавија создавање современа софтверска платформа преку која ќе се овозможи полесно поврзување на фабриките на автомобилскиот гигант.

 

Стручни лица сметаат дека тоа многукратно ќе го забрза развојот на производството на возила.

 

Извршниот директор на „Мајкрософт", Скот Гатри соопшти дека мрежната платформа ќе биде составена од 3.000 машини, роботи и самоуправувачки преносни средства.

 

Слична зделка минатата недела склучија и „Фолксваген", „Амазон" и „Сименс". 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.