Facebook и Instagram сега се достапни

Фејсбук и Instagram сега се достапни. Неколку часа денеска пристапот до социјални мрежи не беше возможен. Илјадници корисници поднеле претставки за да пријават проблем со платформите.

 

Падот на Facebook започна денеска во 13.28 часот по македонско време. Корисници се жалеа дека имаат проблеми со прикачување на својата страница, со пристапувањето на социјалната мрежа или дека воопшто профилот им е недостапен.

 

Падот на Instagram започна само 5 минути подоцна, а проблемите со Whatsapp,  по помалку од половина час.

 

Повеќето извештаи за проблеми се поднесени во Велика Британија, Франција, Италија, Грција, Чешка и Сингапур. Не е забележан колапс во Русија, забележува ТАСС.

 

Facebok го припои Instagram во 2012 година и Whatsapp две години подоцна. Според Фејсбук, секој ден има преку 1,52 милијарди активни корисници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.