На „Хуавеј“ ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 14 Јуни 2019
На кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони во светот што е цел што првично требаше да се постигне во четвртиот квартал оваа година, изјави еден од челниците на компанијата.
– Ќе бевме најголеми во четвртиот квартал оваа година, но сега сметаме дека тој процес може да потрае подолго, изјави Шао Јанг, главен стратешки директор на Хуавеј Конзјумер Бизнис.
– Хуавеј моментно продава од 500 до 600 илјади паметни теелфони, додаде тој на саемот за технологија во Шангај.
Компанијата во јануари соопшти дека може да стане најголем производител на паметни телефони оваа година дури и без американскиот пазар.
Според истражувачката компанија „Гартнер“, Хуавеј е втор најголем продавач во првото тримесечие зад јужнокорејскиот Самсунг електроникс. Аналитичари проценуваат дека неодамнешните американски санкции може да ја намалат испораката на паметни телефони на Хуавеј дури за една четвртина оваа година и со тоа да се предизвика негово исчезнување од странски пазари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс