50 години од слетувањето на екипажот на Аполо 11 на Месечината (историскa фотографиja)

Мисијата на американските астронаути Нил Армстронг, Едвин Баз Алдрин и Мајкл Колинс останува на златните страници на човечката историја, а милиони луѓе од целиот свет ги следат нивните постапки.

 

На 20 јули 1969 година, Нил Армстронг и Баз Олдрин слетаа на Месечината. Мајкл Колинс остана во капсулата Колумбија во орбитата која ќе послужи за враќање на Земјата.

 

"Мал чекор за човекот - голем скок за човештвото", вели Нил Армстронг кога излегува од Орел.

 

Мисијата на Аполо 11 беше лансирана на 16 јули 1969 година. На екипажот му беа потребни четири дена за да стигне до месечината. Месечинскиот орел со Армстронг и Олдрин слета на 20 јули 1969 година, во 14 часот и 17 минути Гринич. Неколку часа подоцна, во 2 и 56 минути по Гринич на 21 јули 1969 година, Армстронг зачекори на површината на Месечината. По 50 минути го следеше и Баз Алдрин.

 

Тие оставија порака на меморијална плоча од не'рѓосувачки челик на која напишаа: "Овде луѓето од планетата Земја први стапнаа на Месечината. Јули 1969 година, по Христа. Дојдовме во мир во име на целото човештво", а потоа се испишани потписите на Армстронг, Алдрин, Колинс и американскиот претседател Ричард Никсон.

 

Програмата која чинеше 25 милијарди долари и благодарение на 400.000 луѓе кои со години работеа, му овозможија на човекот да ја освои месечината.

 

Астронаутите од Аполо 11 се вратија на Земјата на 24 јули. Тие се слават како херои и оттогаш вкупно 12 лица зачекориле на површината на Месечината.

 

Денес, Алдрин, кој има 89 години е најстариот лунарен патник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.