Се чека конечниот одговор - Дали е безбедна апликацијата „Фејсап“?

За оваа апликација, која станува се попопуларна, е побарана и истрага од ФБИ.

 

Што се случува со апликацијата Фејсап? Дали е безбедна? Ова се само две од мноштвото прашања кои постојано се поставуваат во медиумите и во јавноста откако последните десетина дена апликацијата „Фејсап“, која овозможува подмладување или стареење на ликот на корисникот, стекна голема популарност низ светот.

 

Телефонска алатка предизвика и страв и тревога во САД, а во писмо објавено на Твитер американскиот сенатор Чак Шумер ја нарече апликацијата „длабоко вознемирувачка“, бидејќи личните податоци на корисниците би можеле да завршат во рацете на „непријателски странски сили“, објави Би-би-си.

 

Од „Вајарлес Лаб“, компанијата што ја направи апликацијата, а која е лоцирана во Санкт Петербург во Русија, ги отфрлија ваквите обвинувањата, негирајќи дека ги складира сликите и податоци на нејзините корисници.

 

„Сериозно сум загрижен во врска со заштитата на податоците на корисниците, како и дали тие воопшто се свесни кој има пристап до нив“, напиша во писмото Шумер.

 

Тој побара истрага од ФБИ откако Демократскиот национален комитет, наводно, ги предупреди претседателските кандидати за 2020 година да не ја употребуваат апликацијата.

 

Додека се чека последниот збор дали апликацијата е безбедна за личните податоци на корисниците, стравот се зголемува, оценуваат поголем број западни медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.