Астероид со големина на облакодер поминува покрај Земјата

Голем астероид се очекува да прелета покрај Земјата на 14 септември. Небесното тело 2000 QW7 е со дијаметар од 290 до 650 метри.

 

За споредба, највисоката зграда во светот - Бурџ Калифа во Дубаи - е 828 метри.

 

Астероидот ќе ја помине нашата планета со брзина од 14.000 км на час на околу 5,3 милиони км.

 

Астрономите веруваат дека астероидот не претставува закана, но сепак од центарот на НАСА изјавуваат дека внимателно ќе го следат неговото движење. Исто така научниците предупредуваат дека може да дојде до удар помеѓу голем астероид и нашата планета во блиска иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.