Основачот на Твитер беше хакиран

Хакерите ја пробија заштитата на еден од основачите на Твитер. Се испостави дека дури и луѓето што ја измислиле популарната социјална мрежа не вложиле доволно напори да се заштитат.

 

Хакерите ја презедоа контролата врз сметката на милијардерот Жак Дорси. Од негово име, тие почнаа да пишуваат непристојни и навредливи пораки. Хакерска група која се нарекува себеси „Одбор за смеење“ се пофали дека тие се сторители на нападот.

 

Жак Дорси има 4 милиони следбеници на Твитер. За 15 минути, хакерите напишале навреди и пцовки во негово име, како и лагата дека имало бомба во канцелариите на компанијата. Твитер соопшти дека сметката е веќе безбедна и го истражува случајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.