Фејсбук ги отстрани налозите во неколку земји

Фејсбук отстрани повеќе страници, групи и налози од своите платформи во Обединетите Арапски Емирати, Египет, Нигерија и Индонезија поради, како што е наведено, координирано неавтентично однесување.

 

Од Фејсбук соопштија дека на отстранетите налози се ширеле содржини на теми како што се активности на Обединетите Арапски Емирати во Јемен, иранскиот нуклеарен договор и критиките на Катар, Турција и Иран, пренесува „Ројтерс“.

 

Компанијата неодамна започна да ги затвора ваквите налози, откако беше критикувана во последните неколку години затоа што не развила алатки за борба против екстремистичките содржини и пропагандни активности, што и самата го признала.

 

Оваа година Фејсбук ги отстрани налозите во Ирак, Украина, Кина, Русија, Саудиска Арабија, Иран, Тајланд, Хондурас и Израел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.