Силен удар за криптовалутите на „Фејсбук“, од проектот се повлекоа „Мастеркард“ и „Виза“

Американските компании „Мастеркард“ и „Виза“ се повлекоа од проектот на „Фејсбук“ за издавање на дигитални ризици на дигиталните валути.

 

„Виза“ и „Мастеркард“ во петокот најавија повлекување од „Либра Асосиејшн“, придружувајќи му се на „ПејПал Холдингот“, кој се откажа од либра пред нешто повеќе од една недела.

 

По нивните стапки тргнаа и „ибеј Инк“, „Страјп Инк“ и латиноамериканската компанија за вршење на исплати „Меркадо Паго“. Тоа значи дека проектот на „Фејсбук“ повеќе не е поддржан од ниту една голема финансиска компанија и дека шансите да израсне во глобален финансиски играч се сведени на минимум.

 

„Фејсбук“ ја најави либра во јуни, здужувајќи ги силите со 28 партнери, вклучително и „Мастеркард“, „Виза“, „Спотифај Технолоџи“, „ПејПал“ „иБеј“, „Убер Технологис“ и „Водафон Груп“, во „Либра Асосиејшн“, која требаше да управува со новата дигитална валута.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.