Фејсбук се ребрендира

Компанијата објави на својот блог  дека се ребрендира - ќе го задржи името на социјалната мрежа, но ќе има ново лого за  подобро да ги означи сите различни производи и услуги што сега ги нуди, вклучително и Instagram и WhatsApp. Со новото лого, името на коппанијата ќе биде испишано со големи букви - ФЕЈСБУК.

 

https://twitter.com/fbnewsroom/status/1191388547825225729

 

„Денес, ние ја ребрендираме нашата компанија да бидеме појасни во врска со  производите што доаѓаат од Фејсбук“, напиша Антонио Лусио, главен директор за маркетинг на компанијата. „Воведуваме ново лого на компанијата и дополнително ја разликуваме ќе направиме разлика меѓу компанијата „ФЕЈСБУК “ од апликацијата „ Фејсбук “, која ќе го задржи својот бред.

 

„Оваа промена на брендот е начин за подобро комуницирање на нашата сопственичка структура со луѓето и деловните субјекти кои ги користат нашите услуги,  за да се поврзат, споделат, градат заедница и да ја зголемат својата публика“, напиша Лусио. Компанијата соопшти дека новото лого ќе се појави на Инстаграм, WhatsApp и нејзините други производи.

 

Гугл направи сличен потег во 2015 година, но ја нарече својата нова матична компанија Алфабет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.