Шпански суд го сослуша Асанж како осомничена жртва на шпион

Основачот на страницата Викиликс, Асанж, вчера беше сослушан од шпански судија за неговата тужба против шпанска компанија за безбедност. Асанж ја обвинува компанијата дека го шпионирала за Соединетите држави додека живеел во еквадорската амбасада во Лондон, која му дала азил, јавија медиумите.

 

48-годишниот Асанж е во затвор во Лондон, во очекување на екстрадиција во САД во февруари. Таму, тој може да биде осуден на 175 години затвор за објавување на стотици илјади американски класифицирани документи на страницата Викиликс.

 

Неговите адвокати, сепак, се потпираат на истрагата за шпионажа. „Задоволни сме што Асанж беше во можност да посведочи за наводното шпионирање, кое веројатно беше координирано од САД“, изјави еден од неговите бранители Аитор Мартинез пред новинарите во Мадрид синоќа.

 

Адвокатите на Асанж велат дека имаат бројни докази за снимки направени со скриени микрофони и фотоапарати, податоци за компанијата и сведоштва од поранешни вработени. „Веруваме дека треба да се прекине постапката за екстрадиција, бидејќи во САД нема гаранции дека неговите права ќе бидат почитувани“, додаде адвокатот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.