Енкрипцијата на „Фејсбук“ ја поткопува борбата против терористите и педофилите

„Фејсбук“ повторно може да се најде во проблеми, но овој пат не станува збор за нарушувања на приватноста, туку сосема спротивно, пренесува „Спутник“. 

 

Одлуката на компанијата да ја засили безбедноста на својата платформа со воведување енд-ту-енд енкрипција предизвикува голема загриженост кај владите и организациите во светот.

 

Екрипцијата на „Фејсбук“ ја поткопува можноста на Британија да се бори против терористите и да ги заштитува децата од педофили, рече шефот за национална безбедност во Хоум офисот.

 

Во писмото до Судскиот комитет на Сенатот на САД, кој одржува сослушувања за енкрипцијата на „Фејсбук“, Клои Скирес напиша дека одлуката на гигантот за социјални мрежи за зајакнување на безбедноста ќе им даде на криминалците место за криење, бидејќи разузнавачките агенции нема да можат да ги пресретнат и прочитаат нивните комуникации.

 

„Во повеќето случаи, истрагата се одвива пред да се случи напад и примарна цел на нашите агенции е да го спречат тоа и да спречат невини луѓе да бидат убиени на нашите улици“, напиша Скирес во своето писмо.

 

Таа посочи дека ако „Фејсбук“ ја воведел енкрипцијата во последниве неколку години, 26 милиони парчиња терористички материјал што биле откриени меѓу октомври 2017 и март годинава ќе поминеле незабележано. Истата судбина би имале и 12 милиони извештаи за сексуални злоупотреби на деца, што доведе до 2.500 апсења.

 

„Тие бројки тешко се разбираат и вреди да се паузира за да се размисли за нив. Тоа се речиси 3.000 деца кои инаку би продолжиле да бидат малтретирани, силувани и деградирани, а нивните животи да бидат уништени“, напиша Скирес.

 

Енкрипцијата енд-ту-енд е начин за споделување информации кој им овозможува на испраќачот и примателот да пристапат до неа. Ова значи дека дури и „Фејсбук“ не може да добие пристап до пораките на корисниците и нивната содржина.

 

Британската влада и нејзините сојузници на групата Five Eyes, составена од Австралија, Канада, Нов Зеланд и САД, бараат законски пристап до криптирањето на „Фејсбук“, но компанијата ги отфрли повиците за создавање ‘задна врата’ во пораките на „Фејбук“ и нејзините други платформи како WhatsApp, кои веќе ја користат енкрипцијата. Од „Фејсбук“ велат дека ограничувањето на количеството податоци до кои можат да пристапат, ја ограничува содржината што може да ја украдат хакерите или државните актери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.