НАСА го претстави својот нов Ровер Марс 2020 (ФОТО)

НАСА го претстави својот нов Rовер Марс 2020. Тој е скоро комплетен и ќе се упати кон Црвената планета следната година, пренесува Ројтер.

 

Официјалното име на уредот, дизајниран во лабораторијата за ракетни мотори „Пасадена“, ќе биде избрано во почетокот на 2020 година. Во февруари, американската вселенска агенција ќе го достави роверот во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, каде ќе се комплетираат трите дела. Лансирањето, закажано за јули, ќе ја испрати роботската машина до сувото езеро на Марс, кое е поголемо од Менхетен.


Машината е со големина на автомобил со четири тркала. а ќе слета на основата на кратер, длабок 250 метри, што некогаш било езеро со големина на езерото Тахо. Ова е предвидено да се случи во февруари 2021 година. Кратерот е полн со седименти од пред 3,5 милијарди години, за кои научниците се надеваат дека ќе содржат фосили од живот на Марс.

 

Роверот ќе треба да земе околу 30 примероци почва кои ќе бидат испратени на Земјата од друго вселенско летало дизајнирано од НАСА. До сега, седименти од Марс никогаш не биле вратени на нашата планета.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.