Објавен конкурс за дизајн за идеален град на Марс

Компанијата Марс, која третира прашања за населување на Марс, објави меѓународен конкурс за развој на градски проект Марс за 1 милион луѓе, пренесуваат светските агенции.

 

Секој може да се пријави за учество. Големината на проектот треба да биде над 20 страници. Победникот ќе добие 10.000 УСД, второпласираниот - 5.000 УСД, а третотопласираниот - 2.500 УСД. Четвртото и петтото место ќе добијат по 1.000 и 500 УСД.

 

Идеалниот град за живот на Марс треба да има добра инфраструктура и сите удобности на живеење во вселената и на планетата. Тој исто така треба да има можност да го произведе потребниот обем за храна и облека за живеење.

 

Авторите на проектот, исто така, ќе треба да понудат евтино транспортирање на стоки до планетата.

 

Последниот ден за пристигнување на пријавите е 30 јуни 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.