Кина забранува компјутерска игра која може да „развие“ опасна епидемија

Кинеските власти забранија видео игра со која се овозможува на играчот да развие и да ја шири смртоносна болест низ целиот свет, пренесува Фокус.

 

Играта „Чума инк“ беше преземена од кинескиот пазар за мобилни апликации и беше наведено дека има „нелегална содржина“. Програмерите веруваат дека ќе биде „многу тешко“ отсега па натаму да се најде начин да се укине забраната.

 

Ова се случува додека Кина продолжува да се бори против епидемијата на коронавирус.

 

„Имаме многу тажни вести што треба да ги споделиме со нашите кинески играчи. Само што сме информирани дека Plague Inc има содржина што во Кина се смета за нелегална според нивното законодавство, а играта е отстранета од кинескиот пазар за мобилни апликации. Ситуацијата повеќе не зависи од нас “, се вели во изјавата од студиото креатор на играта.

 

„Не знаеме дали ова е поврзано со тековната епидемија на коронавирус во Кина. Но, едукативната важност во повеќе наврати беше потенцирана од организации како што е Американскиот центар за контрола и превенција на болести и ние работиме со големи здравствени организации за да им помогнеме во борбата против ширењето на КОВИД-19“, велат авторите на играта.

 

Програмерите не се задоволни што кинеските играчи се лишени од игра што „ги тера луѓето да размислуваат и да научат повеќе за сериозни проблеми со јавното здравство“.

 

Играта се стекна со популарност уште од нејзиното лансирање во 2012 година. Оттогаш генерираше повеќе од 130 милиони продажби. Јануари беше  месецот кога играта беше најпродаваната апликација во земјата.

 

Некои играчи споделија дека ја преземаат и ја играат играта за да се справат со стравовите за вирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.