Коронавирусот затвора погон на Тесла

Шефот на Тесла, Илон Маск, привремено го затвори погонот на компанијата во САД.

 

Тоа е фабриката во Фремонт, Калифорнија, каде што се склопуваат електрични автомобили, пренесуваат медиумите. Претходно, властите во Калифорнија воведоа забрана за работа на кое било невитално претпријатие во државата. Ова е дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

 

Производството во фабриката на Тесла ќе престане на 23 март. 

 

Тесла исто така ќе престане да работи во својата фабрика за соларни батерии со седиште во Њујорк. Мега фабриката во Невада ќе продолжи да работи.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.