(Видео) Aстероид помина на два милиони километри од Земјата

Астероид со дијаметар од околу 900 метри помина на два милиони километри од Земјата, објави американската вселенска агенција НАСА.

Растојанието на астероидот било петпати поголемо од растојанието Земја-Месечина, но доволно блиску за да може да се смета за потенцијално опасно.

Астероидот 2001 ФО32 беше најблиску до Земјата вчера околу 14,00 часот по Гринич.

Според НАСА, астероидот се движел со брзина од 124.000 километри на час.

Проучување на астероиди и комети кои се приближуваат до Земјата им овозможува на научниците подобро разбирање за Сончевиот систем.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.