Научници: Животот на Венера е малку веројатен

Нова студија ја исклучува можноста за живот на Венера, објавија светските агенции. Научниците од Европа и САД во понеделникот изјавија дека нема доволно вода во облаците околу планетата за да се одржи животот каков што сакаме.

Истражувачите започнале со студијата откако нивните колеги изненадувачки во септември минатата година објавија дека мали организми можат да населат густа обвивка од кисели облаци што ја обвиткуваат Венера во височина до 60 километри.

 

 

Астрономите користеле податоци од набудувања на вселенски летала и откриле дека содржината на вода во облаците на Венера е над сто пати помала од потребното за да постои живот.

„Скоро е на дното на скалата и на несовладлива оддалеченост од она што треба за активен живот“, рече водачот на студијата Џон Холсворт, микробиолог од универзитетот Квинс во Белфаст во Северна Ирска.

Сепак, тој и неговите колеги веруваат дека има доволно вода во облаците на Јупитер и соодветни атмосферски температури за живот.
„Не велам дека има живот на Јупитер, не велам ниту дека може да има живот затоа што ќе требаат хранливи материи и не можеме да бидеме сигурни дека ги има“, изјави Холсворт пред новинарите. „Но, откритието е возбудливо, сосема неочекувано“, рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.